Видео Пожар во облакодер во Абу Даби, повредени 13 лица

Пожар во облакодер во Абу Даби, повредени 13 лица

Најмалку 13 лица денеска се повредени во пожарот што изби во облакодер во изградба во центарот на Абу Даби, јавуваат локалните медиуми.

Десет повредени се припадници на противпожарните сили и на други спасувачки служби, се наведува во соопштението што го објави државната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати, ВАМ.

Пожарникарите, придружувани од хеликоптери, повеќе од два часа се обидувале да го изгаснат пожарот на 28-катницата.

Oчевидците велат дека облак од црн чад се издигнувал до горните 20 ката. Тие додаваат дека персоналот задолжен за заштита на граѓаните помагал во евакуација на градежните работници во зградата, како и на гостите и на персоналот од соседниот луксузен хотел, кои минале без посериозни повреди.

Пожарот во речиси завршената деловна зграда е последен во низата од пет помали пожари во висококатници што се регистрирани во изминатите 18 месеци во Обединетите Арапски Емирати.