Македонија Пожар во Градски Парк: Горат бараките до спортската сала „Партизан“

Пожар во Градски Парк: Горат бараките до спортската сала „Партизан“

Фото: Фејсбук страница на Пожарна Скопје

Силен пожар гори во близина на Градскиот парк во Скопје. Зафатени се бараките во кои порано беше сместен судот за прекршоци. Во моментов на терен интервенираат пет пожарникарски возила, а засега нема информации за повредени лица.

Од пожарот под опасност е и спортската сала „Партизан“, хотелот и ресторанот кои се наоѓаат во непосредна близина на бараките кои горат. Во моментов се прават обиди пожарот да се стави под контрола и да не се прошири кон соседните објекти.