Дописници Пожар во фабриката „Тетекс“ во Тетово

Пожар во фабриката „Тетекс“ во Тетово

Пожар кој избувна попладнево околу 16.30 часот, целосно пеплоса седум канцеларии од административната зграда на фабриката „Тетекс“ во Тетово.

При гасењето на пожарот, лесни повреди добил еден пожарникар, кој по укажаната помош во тетовската клиничка болница, пуштен е на домашно лекување.

Пожарот за околу еден час целосно е локализиран. Во гасењето интервенирале три противпожарни возила и девет пожарникари.

Пред три дена, пожар исто така направи голема материјална штета на свињарска фарма во тетовското село Челопек. Во пожарот изгореа дрвени палети, летви и една работна машина багер.