Свет Балкан Пожар во бегалскиот центар кај Солун, нема потешко повредени

Пожар во бегалскиот центар кај Солун, нема потешко повредени

Пожар изби попладнево во прифатниот бегалски центар во Дијавата, во близина на Солун.

Огнените јазици пеплосаа повеќе од 20 шатори, но, за среќа, нема жртви, ниту повредени бегалци во центарот.

Пет противпожарни возила подолго време го гаснеа огнот, поради што бегалскиот центар беше обвиен во црн чад, предизвикувајќи голема вознемиреност кај бегалците. Бегалците и пожарникарите стравуваа пожарот да не се прошири и на другите шатори поради силниот ветер што денеска дува во Солун.

Пожарот доцна попладнево е изгаснат, а четворица бегалци добија медицинска помош поради респираторни проблеми предизвикани од чадот.

Во бегалскиот центар Дијавата се сместени 2.300 бегалци.