Хроника Пожар пеплоса куќа во Ново Лисиче, зафатена и соседната

Пожар пеплоса куќа во Ново Лисиче, зафатена и соседната

Синоќа околу 22 часот избувнал пожар во двокатна куќа на улицата Михаил Глинка, во скопската населаба Ново Лисиче, сопственост на 59-годишниот Б.Џ., информира полицијата.

Во пожарот нема настрадани и повредени лица.

Куќата целосно изгорела во пожарот, а огнот се проширил и на соседната куќа, сопственост на С.А. (46), при што целосно бил опожарен кровот и дел од инвентарот во приземјето.

Пожарот бил изгаснат десетина минути по полноќ од екипа на скопската противпожарна бригада.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.