Свет Пожар на Сибир, евакуирани 200 деца од летен камп

Пожар на Сибир, евакуирани 200 деца од летен камп

Повеќе од 200 деца се евакуирани од летен камп во руската автономна република Бурјатија на Сибир, по пожарот во околната шума, соопштија локалните власти.

„212 деца моментално чекаат автобуси за да ги однесат до Улан Уде, главниот град на Бурјатија, каде ќе бидат сместени во едно училиште сè додека по нив не дојдат нивните родители“, соопшти локалната телевизија.

Утринава се запалила една куќа во која живеел управителот на кампот. Куќата изгорела до темел, а пожарот се проширил низ шумата, по што е донесена одлука децата да бидат евакуирани.

Во тек е гаснење на пожарот, а на местото има и полиција.