Македонија Пожар меѓу Богомила и Прилеп ги „закочи“ возовите, патниците оставени сами на...

Пожар меѓу Богомила и Прилеп ги „закочи“ возовите, патниците оставени сами на себе

На битолската Железничка станица десетина патници што требаше да тргнат за Скопје со возот од 18:24 сега се редат на шалтерот за да им ги вратат парите за билетите, оти им е кажано дека возот најверојатно нема да тргне

Фото: Мета.мк

Поради шумски пожар помеѓу селото Богомила и Прилеп, возовите од Скопје за Битола и од Битола за Скопје стојат во место, а бидејќи „Македонски Железници – Транспорт“ нема обезбедено алтернативен автобуски превоз, патниците се принудени да чекаат или сами да се снаоѓаат за да стигнат на своето одредиште,

Фото: Мета.мк

На битолската Железничка станица десетина патници што требаше да тргнат за Скопје со возот од 18:24 сега се редат на шалтерот за да им ги вратат парите за билетите, оти им е кажано дека возот најверојатно нема да тргне.

Претходниот воз од Битола за Скопје, што тргнал во 12.40 часот е блокиран во Прилеп, а возот што од Скопје за Битола тргнал во 14:30 часот е блокииран во Богомила.