Главна секција Повторно дојави за бомби во Скопје, денеска на мета се и училишта...

Повторно дојави за бомби во Скопје, денеска на мета се и училишта во Куманово

Фото: Мета.мк

Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале во училишта во Скопје и Куманово, потврди Министерството за внатрешни работи.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

Меѓу училиштата во кои се врши евакуација се и основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче.

Евакуирани се и учениците од гимназијата „Георги Димитров“, каде и вчера имаше дојава за бомба. Вчера имаше дојави за 15 бомби во училишта. Досега сите дојави за поставени бомби беа лажни.

Утрово закани за поставени бомби добиле 15 училишта во Скопје