Дописници Двајца полицајци се тешко повредени при обид да лишат лице од слобода...

Двајца полицајци се тешко повредени при обид да лишат лице од слобода во Тетово

Тројца полициски службеници во СВР Тетово се повредени, од кои двајца се со тешки телесни повреди, откако се обиделе да лишат од слобода тетовец кој треба да издржи затворска казна.

При обидот на полициските службеници да го приведат лицето во еден локал во центарот на градот, настанала вербална расправија и во тој момент еден од учесниците во инцидентот извадил метална прачка и почнал да ги удира полицајците.

Двајцата од нив добиле тешки телесни повреди и од Клиничкиот центар во Тетово биле пренесени на лекување во Скопје. Третиот е задржан на лекување во Тетово.

Полицијата изврши увид и сè уште трага по напаѓачите.