Македонија Повици за протести на социјалните мрежи

Повици за протести на социјалните мрежи

Повици за собири и за протести се шират по социјалните мрежи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари за кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, има донесено правосилна пресуда.

Досега има идеи да се запалат свеќи пред Народната канцеларија на Иванов, која се наоѓа во центарот на Скопје, на улица Димитрије Чуповски, да се организира масовен протест пред неговата вила на Водно и повик за собир пред Владата.

На „Фејсбук“ може да се видат и повици за собир за поддршка пред Специјалното јавно обвинителство.