Свет Повеќе од 50 отсто од Британците се за излез од ЕУ

Повеќе од 50 отсто од Британците се за излез од ЕУ

Повеќе од 50 отсто од Британците сакаат Велика Британија да ја напушти Европската унија, додека 47 отсто од испитаниците и понатаму сакаат нивната држава да остане членка, покажуваат последните анкети.

Премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон, рече дека Велика Британија до крајот на 2017 година треба да се изјасни дали ќе остане во ЕУ или не.

Камерон рече дека се залага за одржување референдум за членство во ЕУ уште следната година и додаде дека во секој случај би можел да лобира и за излегување од Унијата.

Според последните анкети, околу 22 отсто од испитаниците веруваат дека Камерон ќе постигне добар договор со европските претставници во врска со бегалската криза.