Свет Свет Повеќе од 400 луѓе загинаа во земјотресот во Еквадор

Повеќе од 400 луѓе загинаа во земјотресот во Еквадор

Владата на Еквадор соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот со сила од 7,8 степени според Рихттеровата скала што во саботата го погоди југот на таа земја, достигна 413 лица, додека неколку илјади луѓе биле ранети.

Се стравува дека тоа не е конечен број на жртвите, бидејќи сè уште имало затрупани луѓе под урнатините.

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, изјави дека ова било најголемата катастрофа во земјата во изминатите 67 години.

Во потрагата по преживеани, се вклучија и екипи од Швајцарија, Шпанија и од неколку земји од Латинска Америка.