Економија Поскапува бензинот Евросупер 95, поевтинува нафтата за затоплување

Поскапува бензинот Евросупер 95, поевтинува нафтата за затоплување

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука со која дел од нафтените деривати поскапуваат, дел поевтинуваат, а дел остануваат со досегашната цена

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука со која дел од нафтените деривати поскапуваат, дел поевтинуваат, а дел остануваат со досегашната цена.

Ваквата одлука се толкува дека е последица на порастот на цените на светските берзи и на зголемувањето на вредноста на американскиот долар.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Еуродизелот (Д-Е V) не се менуваат.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар по литар.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за половина денар за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 ден/кг.

Новите цени кои важат од денеска од полноќ се следните:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 85 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 87 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 74 денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 72,5 денари/литар
Мазут М-1 НС = 41,409 денари/килограм