Македонија Порталб.мк ќе го одбележи 10-от роденден со дебата „Визија за Северна Македонија“

Порталб.мк ќе го одбележи 10-от роденден со дебата „Визија за Северна Македонија“

По повод 10-годишнината од основањето на Portalb.mk, еден од најстарите новински сајтови на албански јазик во земјава, ќе се одржи панел дискусија меѓу колумнисти и млади активисти на тема „Визија за Северна Македонија“.

Настанот ќе се одржи на 31 март, четврток, со почеток во 12 часот на Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово, просторија ЛХ4 во зградата на Ректоратот.

На панел дискусијата ќе дебатираат колумнистите на Порталб: проф.Беса Арифи, проф.Али Пајазити, проф.Салајдин Салихи, проф.Фатмир Сулејмани, Д-р Малинка Ристевска Јордановска – член на Управен одбор на ЕПИ, како и младите: Дорина Ајдини, Фисник Џелили, новинари на Порталб, и студентите: Бленди Ходаи и Ера Меметај.