Свет Свет Пораст на бројот на случаите со микроцефалија во Бразил

Пораст на бројот на случаите со микроцефалија во Бразил

Бројот на потврдени и потенцијални случаи на микроцефалија во Бразил кои се поврзуваат со вирусот Зика, минатата недела порасна од 5.200 на 5.235, соопшти бразилското Министерството за здравство.

Во соопштението се наведува дека бројот на потврдените случаи за една недела пораснал од 907 на 944, додека на потенцијалните од 4.291 на 4.293.

Се смета дека повеќето новороденчиња во Бразил, родени со абнормално мали глави се поврзани со вирусот Зика, иако врската меѓу вирусот и вродените дефекти не е научно утврдена.