Свет Европа Пораст на бројот на Британци што станале германски државјани

Пораст на бројот на Британци што станале германски државјани

Бројката на Британци што во 2016 година станале државјани на Германија е за 361 отсто поголем во однос на 2015 година, пишува британскиот весник „Гардијан“, кој го припишува драстичниот пораст на стравувањето на Британците од неможноста да работат и да студираат во ЕУ поради Брексит, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Според германското федерално биро за статистика, точно 2.865 Британци побарале и добиле германско државјанство лани.

Бројката оваа година ќе биде уште поголема, но засега не може да се утврди, затоа што треба да минат неколку месеци од поднесувањето барање до добивањето германски пасош, пишува весникот.

Лани 110.400 странци добиле германско државјанство, што е пораст од 2,9 отсто во однос на 2015 година. Најголем број се Турци, односно 16.290, што е повеќе за 17,3 отсто во однос на 2015 година.