Свет Балкан Куќен притвор за поранешниот албански премиер Сали Бериша

Куќен притвор за поранешниот албански премиер Сали Бериша

Бериша, кој е и лидерот на опозицијата, е под истрага за корупција, а претходната недела парламентот изгласа да му се одземе правниот имунитет

Фото: European People's Party, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

На поранешниот албански премиер и лидерот на опозициската Демократска партија Сали Бериша денеска му беше одреден домашен притвор, известува Данас. Тој е под истрага за корупција.

Судијката Ирена Џока од Специјалниот суд за корупција и организиран криминал го прифати барањето на обвинителот да се стави 79-годишниот опозициски лидер во куќен притвор откако тој прекршил претходни рестриктивни мерки кои го обврзувале да се пријавува во полиција секои две недели.

Оваа одлука доаѓа само една недела откако албанскиот парламент изгласа да му се одземе правниот имунитет на Бериша.

На премиерот му е забрането да патува и да комуницира со луѓе кои не се најблиски членови на семејството.

Истрагата се однесува на наводното помагање на својот зет Јамарбер Малтези при приватизирањето на јавно земјиште, на кое тој потоа изградил станбени згради.

Бериша ја има критикувано досегашната истрага, велејќи дека е политички напад од премиерот Еди Рама и дека очекува „бурни протести“.

Бериша служел како премиер на Албанија од 2005 до 2013 година и како претседател од 1992 до 1997 година.