Свет Балкан Поради поплави, евакуирани повеќе од 100 семејства во Албанија

Поради поплави, евакуирани повеќе од 100 семејства во Албанија

Врнежите во Албанија предизвикаа излевање на реките и поради тоа евакуирани се повеќе од 100 семејства, 120 километри југозападно од Тирана, соопшти Министерството за одбрана на Албанија.

Официјалните лица наведоа дека поплавени се 3.334 куќи, како и 3.016 хектари земјоделско земјиште. Невремето остави 23.000 луѓе без струја, а летовите од аеродромот во Тирана се откажани.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека 6.400 специјалци, полицајци и војници се борат со оваа критична ситуација.

Во поплавите, едно лице го загуби животот.