Свет Балкан Поради поплави евакуирани 500 семејства во Албанија

Поради поплави евакуирани 500 семејства во Албанија

Во западниот дел на Албанија, околу 500 семејства се евакуирани откако реката Шкумбини се излеа од коритото поради поројните дождови. Поплавени се илјадници хектари земјиште, куќи и патишта.

Полицијата и војниците беа испратени во Лушне, на 80 километри југозападно од Тирана.

Стотици други семејства беа евакуирани во други региони во текот на изминатите два дена.

Повеќе области, вклучувајќи го и главниот град Тирана, се погодени од поплавите, а лизгањето на земјиштето блокира некои од главните патишта.

Засега нема информации за евентуални жртви.