Македонија Поради кражба синоќа прекинат железничкиот сообраќај Скопје – Велес

Поради кражба синоќа прекинат железничкиот сообраќај Скопје – Велес

Прекин на железничкиот сообраќај на пругата Скопје – Велес имало вчера од  21.56 до 23.50 часот, поради обид за кражба на тегови од мрежата за напојување на возовите со струја.

Како што соопшти МВР, прекинот бил меѓу железничката станица Драчево и железничкото стојалиште „Јане Сандански“.