Македонија Попоски: Македонија ја разгледува можноста да изгради ограда како Унгарија

Попоски: Македонија ја разгледува можноста да изгради ограда како Унгарија

Македонија ја разгледува можноста за изградба на ограда на својата граница, слично како што тоа го стори Унгарија за да го сопре големиот прилив мигранти, изјавил министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, во интервју за унгарскиот неделник „Фиѓело.“

На Македонија, според Попоски, веројатно „ќе ѝ треба некаков вид физичка одбрана, иако тоа нема да биде долгорочно решение“.

– Но, ако се земе предвид сериозно што Европа бара од нас да направиме, исто така ќе ни треба и тоа. Или војници или ограда или комбинација од двете – рекол Попоски.