Свет Поплавите во Зимбабве усмртиле 246 лица

Поплавите во Зимбабве усмртиле 246 лица

Властите во Зимбаве денеска соопштија дека во поплавите од декември минатата година загинале 246 лица, а околу 2.000 луѓе останале без покрив над глава.

Јужноафриканската држава упати апел до меѓународните донатори за 100 милиони долари помош на загрозените од поплавите, кои однеле неколку мостови и патишта, по што повеќе заедници останале отсечени од остатокот од земјата.

Локалниот претставник Сејвијур Ксасукевере прогласи национална катастрофа и го објави бројот на загинатите. Тој рече дека 128 лица се повредени во поплавите.