вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Зимбабве | 18 резултати

Мугабе поднесе оставка – славење на улиците на Зимбабве

ноември 21, 2017

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, поднесе оставка која веднаш стапува на сила, јавуваат светските агенции. Во писмото кое го испратил до парламентот се наведува дека оставката е доброволна. Претседателот на парламентот на Зимбабве веднаш ја прекина собраниската седница на која се расправаше за отповикување на Мугабе, а на улиците на оваа африканска држава веќе се […]

Мугабе ја напишал својата оставка

ноември 20, 2017

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, се согласил да се повлече и составил писмо во кое ја дава својата оставка, јави телевизијата „Си-ен-ен“, повикувајќи се на воени извори вклучени во преговорите во Хараре. Според одредбите од договорот, Мугабе и неговата сопруга Грејс, ќе добијат целосен имунитет, но други детали засега не се откриваат. Владејачката Африканска национална […]

Импичмент за Мугабе доколку не поднесе оставка до утре попладне

ноември 19, 2017

Владејачката партија на Зимбабве (ЗАНУ-ПФ) му даде рок на Роберт Мугабе, кого го смени од позицијата лидер на партијата, до утре попладне да поднесе оставка од позицијата шеф на државата. Партијата најави дека во спротивно ќе почне процедура за импичмент, односно за смена на Мугабе од претседателската функција на седницата на парламентот која е закажана за […]

Мугабе сменет од лидерската позиција во владејачката партија на Зимбабве

ноември 19, 2017

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, е сменет од местото лидер на владејачката партија и е избркан од нејзиното членство, јавуваат светските новински агенции. На неговото место во партијата е поставен Емерсон Мнангагва, кој овој месец беше сменет од местото потпретседател на државата. Вчера илјадници граѓани на Зимбабве ги преплавија улиците на главниот град Хараре, мавтајќи […]

Илјадници луѓе на протести во Зимбабве, го чекаат падот на Мугабе

ноември 18, 2017

Илјадници граѓани на Зимбабве ги преплавија улиците на главниот град Хараре, мавтајќи со националното знаме, и со песна го чекаат падот на претседателот, Роберт Мугабе. – Ова се солзи радосници. Целиот живот го чекав овој ден. Конечно сме слободни – изјави 34-годишниот Френк Муциндикв. Учесниците на протестот против Мугабе ги гушкаат војниците извикувајќи „Заминувај генерале […]

Мугабе не сака да се повлече

ноември 17, 2017

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, одбива да се повлече и покрај постојаните повици за негова оставка. Деведесет и тригодишниот Мугабе од завчера е во домашен притвор, откако војската ја презеде власта, а во меѓувреме сè уште трае борбата за неговата позиција. Војската соопшти дека преговара со Мугабе, пренесува „Би-би-си“. Во соопштението се наведува дека е […]

Мугабе преговара со војската за својата иднина

ноември 16, 2017

Долгогодишниот лидер на Зимбабве, Роберт Мугабе, води директни преговори со војската за неговата иднина, пренесува „Би-би-си“. Медиумите во Зимбабве објавија фотографии од 93-годишниот Мугабе со началникот на војската на Зимбабве и двајца пратеници од Јужна Африка во неговата резиденција во Хараре. Мугабе од вчера се наоѓа во домашен притвор, откако војската ја презеде контролата во […]

Африканската унија не го признава пучот во Зимбабве

ноември 16, 2017

Африканската унија денеска соопшти дена не го признава воениот удар во Зимбабве и повика на почитувањето на уставот. – Повикуваме на почитување на уставот, враќање на уставниот поредок и никогаш нема да прифатиме воен удар – рече Алфа Конде, претседател на Гвинеја и претседавач на Африканската унија. Војската вчера презеде контрола над Зимбабве, а претседателот […]

Свештеник посредува во повлекувањето на Мугабе

ноември 16, 2017

Во разговорите за повлекување на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, кој инсистира дека може да го смени само раководството на неговата партија, посредува католички свештеник, соопштија денеска политички и разузнавачки извори. Опозицискиот лидер, Морган Чвангирај, кој во странство се лечеше од рак, доцна синоќа е врати во Хараре, соопшти портпаролот на неговата партија. Судбината и статусот […]

Гутереш повика на воздржаност во Зимбабве

ноември 15, 2017

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја повика Зимбабве на воздржаност после излегувањето на војската на улица во главниот град на земјата. Тој повика на мир, избегнување на насилство и воздржаност. -Да се сочуваат основните права, меѓу кои и слободата на говор и собирање е од витално значење – оцени Гутереш. Во изјавата на […]

Џонсон: Не сакаме во Зимбабве еден тиранин да наследи друг

ноември 15, 2017

Британија не би сакала да види еден тиранин како менува друг во Зимбабве, откако војската ја презема власта во Харарех , вели шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон. -Никој не би сакал да види транзиција од еден неизбран тиранин на друг. Сакаме да видиме слободни и чесни избори – рече Џонсон во британскиот парламент. Претходно […]

Војската ја презеде контролата во Зимбабве, Мугабе и семејството во притвор

ноември 15, 2017

Владејачката партија во Зимбабве – Зану ПФ преку „Твитер“ соопшти дека Емерсон Мнангагва е именуван за привремен претседател на оваа африканска држава и дека досегашниот претседател Роберт Мугабе и членови на неговото семејство се приведени, јавуваат светските медиуми. Мнангагва претходно беше сменет од функцијата потпретседател на земјата поради „нелојалност“. Медиумите потсетуваат дека тој тогаш бил […]

Авион се урна во Зимбабве, шест лица загинаа

март 27, 2017

Медиумите во Зимбабве објавија дека во пад на авион на истокот на земјата загинле најмалку шест лица. Според весникот „Хералд“, авионот кој бил со капацитет од осум патници паднал во планинската област Вумба. Локаните медиуми наведоа дека жртвите се директори на локана транспортна компанија и дека се враќале од деловен состанок во Мозамбик.

Поплавите во Зимбабве усмртиле 246 лица

март 3, 2017

Властите во Зимбаве денеска соопштија дека во поплавите од декември минатата година загинале 246 лица, а околу 2.000 луѓе останале без покрив над глава. Јужноафриканската држава упати апел до меѓународните донатори за 100 милиони долари помош на загрозените од поплавите, кои однеле неколку мостови и патишта, по што повеќе заедници останале отсечени од остатокот од земјата. […]

Страна 1 од 1