Свет Поплавен главниот град на Парагвај

Поплавен главниот град на Парагвај

Најмалку 37.000 лица се евакуирани од парагвајскиот главен град Асунсион, поради поплавите што настанаа по излевање на реката Парагвај од своето корито, јавија локалните медиуми.

Метеоролозите сметаат дека излевањето на реката е последица на природниот феномен Ел Нињо, кој предизвика зголемување на температурата во источниот дел на Тихиот Океан за 5 до 10 Целзиусови степени.