Свет Европа Половина од Германците не сакаат Меркел повторно да се кандидира

Половина од Германците не сакаат Меркел повторно да се кандидира

Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи одлуката за тоа дали повторно ќе се кандидираа за таа функција.

Најновата анкета на јавното мислење покажува дека половина од Германците се против нејзин евентуален четврти мандат.

Според истражувањето на јавното мислење спроведено за весникот „Билд“, 42 отсто од граѓаните на Германија би сакале да ја видат Меркел повторно на местото канцелар, што е за три отсто помалку од ноември минатата година.

Во анкетата која е спроведена во четвртокот, учествувале 501 лице.

Парламентарните избори во Германија ќе се одржат во 2017 година.

Меркел, која првпат стана канцелар во ноември 2005 година, сега го извршува својот трет мандат.

Како што пренесува „Шпигел“, Меркел одлуката за кандидатура ќе ја донесе следната година, најверојатно во февруари.