Свет Свет Полициски хеликоптер го гранатирал венецуелскиот Врховен суд

Полициски хеликоптер го гранатирал венецуелскиот Врховен суд

Полициски хеликоптер фрлил гранати и отворил оган врз зграда на венецуелскиот Врховен суд и Министерството за внатрешни работи. За среќа, гранатите не биле активирани, поради што нема жртви.

Како што пренесуваат локалните медиуми, на хеликоптерот бил поставен опозициски транспарент, а пилотот, кој е идентификуван како Оскар Перез, ги повикал припадниците на полицијата да му се придружат и Венецуелците да се откажат од, како што вели, тиранијата на актуелниот претседател.

Претседателот Николас Мадуро, пак, го оцени нападот како „терористички обид за пуч“ кој има цел да го симне од власт. Тој веднаш ја ставил армијата на готовс.