Видео Полицијата заплени 2 килограми марихуана

Полицијата заплени 2 килограми марихуана

Полициски екипи завчера вечерта, при контрола на регионалниот пат Гостивар – Дебар, откриле два килограми марихуана, сокриена во автомобил со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале И.Б. (28) од селото Долно Палчиште, и сопатникот А.Ј. (29) од Голема Речица, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„При извршената контрола, во предниот дел на совозачкото место, во делот под маската, покриени со теписон биле пронајдени две најлонски кеси со непозната тревкаста материја, со вкупна тежина од околу два килограми. По извршеното вештачење, утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана“, стои во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека на двајцата осомничени, судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена.