Македонија Полицијата вчера изрекла 899 казни за неносење на маски

Полицијата вчера изрекла 899 казни за неносење на маски

Извор на фотографија: МВР

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 899 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за здравство регистрираше рекордни 641 новозаболени од ковид-19 во земјава, додека бројот на активни случаи за првпат се искачи на над 6.000 случаи.

Прекршочната казна за неносење маска од граѓаните е 20 евра. Инаку, Собранието на РСМ треба да донесе измени во Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој носењето маски на отворено ќе биде задолжително за сите граѓани во земјава.