Пациентка со симптоми на ковид-19 се пренесува преку службата за итна медицинска помош | Фото: Арбнора Мемети

Нови негативни рекорди за ширење на корона вирусот во земјава регистрира Министерството за здравство во денешниот биланс. Во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19, од кои дури 325 новозаболени лица се во Скопје. Веднаш по главниот град, следуваат  Прилеп со 38, Куманово со 26, Штип, Тетово, Кавадарци со по 25, Струмица со 24, Гевгелија со 20, Кичево со 18, Битола со 14, Гостивар со 11, Кочани, Велес, Охрид со по 10, Крива Паланка со 9, Ресен со 8, Неготино со 7, Радовиш и Струга со по 5, Берово, Пробиштип, Валандово, Виница, Кратово и Свети Николе со по 3, Демир Хисар, Пехчево и Делчево со по 2 и Дебар и Крушево со по 1 новорегистриран случај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти од: Скопје-89, Куманово-6, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-13, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-14, Кавадарци-4, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-18, Крива Паланка-4, Радовиш-8, Кочани-25, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Неготино-1.

Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85г), еден од Куманово (59г), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75г), двајца од Велес (61 и 62г), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76г), еден од Струмица (66г) и еден пациент од Свети Николе (69г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, бројката на оздравени пациенти е 17.905, на починати е 862. Од вчера се евидентира еден контролен тест. За првпат од почетокот на ковид-19 пандемијата во нашата земја, бројот на активни случаи се искачи над 6.000 и во моментов истиот изнесува 6.069.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 108 пациенти, а дел од пациентите се примени во модуларната болница што се наоѓа до самата клиника. На кислородна поддршка се 80 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Погледнато по општини, податоците на Министерството за здравство покажуваат дека ковид-19 најбрзо се шири во Скопје во Општина Аеродром, каде се регистрирани 592 активни случаи. По оваа општина, следуваат Карпош со 479 и Центар со 476 активни случаи на ковид-19.