Хроника Полицијата го најде насилникот што тепаше куче со гумено црево

Полицијата го најде насилникот што тепаше куче со гумено црево

Фото. Принт скрин од видеото кое го сподели Анима Мунди

Откако Здруженето за заштита на животни „Анима мунди“ објави видео на кое се гледа како човек тепа куче со гумено црево, Министерството за внатрешни работи информирше дека насилникот е идентификуван.

Според полицијата, станува збор за С.Т. од с.Ораовица. Со него е извршен службен разговор при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело ‘мачење животни’ по член 233 од Кривичниот законик. Во координација со јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.