Свет Европа Поголемиот број Германци сметаат дека договорот со Грција е лош

Поголемиот број Германци сметаат дека договорот со Грција е лош

Повеќе од половината Германци сметаат дека договорот со Грција е лош и дека е подобро Атина да ја напушти еврозоната, велат резултатите од најновото истражување.

Во истражувањето на агенцијата „Југов“ за германскиот весник „Велт ам зонтаг“, 56 проценти од испитаниците сметаат дека планираниот договор со Грција е лош. Само два проценти сметаат дека е позитивен, додека 27 проценти веруваат дека до некаде е позитивен.

Исто така, 48 проценти од Германците го поддржуваат излегувањето на Атина од еврозоната, наведува весникот и додава дека ова истражување покажува недостиг од ентузијазам во Германија за решавање на грчкото прашање.

Само една третина од Германците сакаат Грција да остане во Унијата.

Германскиот парламент на 17 јули ги поддржа преговорите со Атина за третиот пакет финансиска помош за Грција. Одлуката е усвоена со 439 гласови „за“ и со 119 „против“, а 40 пратеници беа воздржани.