Економија Поевтинуваат дизелот, екстра-лесното масло и мазутот

Поевтинуваат дизелот, екстра-лесното масло и мазутот

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) вчера донесе Одлука со која ги намали цените на дизел горивото, екстра-лесното масло за домаќинство и мазутот.

Цените на бензините остануваат на вредноста одредена на 28 март, односно ЕУРОСУПЕР БС – 95 чини 83,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98, 85,5 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2 ден/лит, и со тоа од полноќ таа изнесува 85,5 денари.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 2,5 ден/лит и сега изнесува 81,5 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,217 ден/кг и сега чини 56,13 ден/кг.