Економија Поевтинува „еуросупер БС-95“, цената на другите горива останува иста

Поевтинува „еуросупер БС-95“, цената на другите горива останува иста

Бензинска пумпа

Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67,5 денари, малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“ и на „еуродизел“, не се менуваат и остануваат 70, односно 62 денари за литар.

Како причина за промена на цените од РКЕ ги посочуваат за околу 1,68 отсто пониската референтна цена на бензинот на светскиот пазар во изминатите седум дена, зголемената цена за 1,31 отсто кај дизелот и за 0,68 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.