Македонија Почувствуван земјотрес во јужните делови на земјава утрово

Почувствуван земјотрес во јужните делови на земјава утрово

Фото: Shefali Lincoln на Unsplash

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, утрово регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 138 километри јужно од Скопје во соседна Република Грција, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Земјотресот се случил во 6.48 часот, со локална Рихтерова магнитуда M L 3.1. Според досегашните податоци, бил почуствуван во јужните делови на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.