Македонија Почнува судењето на Јанкулоска за „Тенк“

Почнува судењето на Јанкулоска за „Тенк“

Во Основен суд Скопје 1, попознат како Кривичен суд -Скопје, денеска треба да започне судењето за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за набавката на „мерцедесот“ во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Ова е издвоена постапка за Јанкулоска и судењето почнува од почеток, а судијката Добрила Кацарска закажа 11 рочишта за овој предмет до крајот на септември.

Јанкулоска е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување како поттикнувач. За ова кривично дело на поранешната министерка  и се заканува казна затвор од најмалку 5 години.