Спорт Почнува „Евробаскет 2015“: Македонија денеска игра против Грција

Почнува „Евробаскет 2015“: Македонија денеска игра против Грција

Со почетокот на натпреварите во групната фаза, денеска почнува 39. Европско кошаркарско првенство „Евробаскет 2015“, на кое, првпат во неговата историја, домаќини се четири земји, односно Германија, Хрватска, Летонија и Франција.

Репрезентацијата на Македонија, која игра во групата „Ц“, денеска од 18 часот го игра првиот натпревар против тимот на Грција.

Покрај Македонија и Грција, во оваа група се уште и репрезентациите на Хрватска, Холандија, Грузија и на Словенија.

Најголеми фаворити за освојување на шампионатот се тимовите на Шпанија, Србија и на Франција, како и репрезентациите на Хрватска, Литванија и на Турција.

За Македонија оваа е петто учество на европските првенства, а четврто во низа.