Македонија Почна реконструкцијата и проширувањето на Пластичарската улица во Скопје

Почна реконструкцијата и проширувањето на Пластичарската улица во Скопје

DCIM100MEDIADJI_0723.JPG

Градот Скопје денеска ја почна првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот Никола Карев, односно познатата Пластичарска улица. Градежни работи на оваа сообраќајница ќе се изведуваат на потегот од клучката кај Бит – пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри. Увид во градежните активности на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев, информираат градските власти.

– На овој дел ќе се изведе атмосферска канализација која досега не постоеше, а ќе се изврши и целосна реконструкција и на другите подземни инсталации за што се известени правните субјекти. Правилото е јасно – пет години по завршувањето на реконструкцијата на одредена сообраќајница нема да дозволуваме прекопување. Ова е прва фаза од реконструкцијата на оваа улица, во тек е проектирањето на втората фаза и очекувам напролет да ги продолжиме градежните работи од влезот во касарната „Илинден“ до спојувањето со булеварот Словенија – изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Градежните работи од првата фаза треба да се завршат до април 2020 година. Пластичарската улица во иднина ќе има 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило.