Македонија Починале 24 пациенти, регистрирани се 1.074 нови случаи на ковид-19

Починале 24 пациенти, регистрирани се 1.074 нови случаи на ковид-19

Фото: Мета.мк

Во изминативе 24 часа од ковид-19 починале 24 пациенти, а во истиот временски период се регистрирани нови 1.074 случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Новите случаи на ковид се откриени со вкупно 7.571 тестирања.

Најголем број од ново починатите, односно 6м се од Скопје (69г,70г,73г,76г,77г и 79г), 5 починати лица од Куманово(59г,60г,67г,69г и 78г), 4 починати лица од Тетово (47г,62г 67г и 68г), 3 починати лица од Кичево (64г,67г и 77г), 2 починати лица од Гостивар (63г и 74г), по едно починато лице од Валандово (43г), Охрид (61г), Струмица (73г), и Битола (74г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Во последните 24 регистрирани сe 291 оздравен пациент.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, бројката на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417