Македонија Починаа 8 пациенти од ковид-19, денеска потврдени 136 нови случаи, оздравени се...

Починаа 8 пациенти од ковид-19, денеска потврдени 136 нови случаи, оздравени се 43

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 136 нови случаи на ковид-19 од направени 1.208 тестирања. Од нив најмногу се во  Скопје – 80 и во Тетово – 24. Куманово има 6 новозаболени, во Прилеп и во Велес по 3, Охрид 5, Гостивар и Ресен по 4, а во Струмица, Штип, Крива Паланка, Кочани, Кичево, Неготино и Струга има по еден нов случај на ковид-19.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 43 оздравени пациенти од кои 26 се од Скопје.

Починаа 8 лица. Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал 57 годишен пациент од Велес. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починати се и две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни, две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни. Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) примен на лекување на 21 јуни.

Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 5.445, на оздравени пациенти е 2.091, а на починати 259. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.095. Од вчерашните тестирања, два се контролни, а најголем број позитивни има во Скопје 2.667, од нив активни се 1.785, најмногу во Чаир 413.

Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Во болницата во Козле има едно дете и 11 возрасни, позитивни на вирусот. На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93, на кислородна поддршка се 36 лица, нема на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, 4 се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно хоспитализирани има 124 пациенти, а на респираторна машина се 5. Во болницата во Битола се 32 пациенти, а во Штип 23. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп има 75 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.