Свет Балкан Почина жената која се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија

Почина жената која се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија

Лидија Петрова подлегна на повредите

Почина 38-годишната Лидија Петрова, фоторепортерка која минатата недела се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија.

Жената подлегнала на повредите во болница во текот на изминатата ноќ.

Во понеделникот минатата недела, Лидија Петрова беше примена во болница со тешки изгореници од 90 проценти од телото.