Свет Почина поранешниот генерален секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали

Почина поранешниот генерален секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бутрос Бутрос Гали, почина во 94. година од животот, соопштија од ОН.

Бутрос Гали беше на чело на ОН во време на распадот на поранешна СФР Југославија, од јануари 1992 до декември 1996 година.

Египетскиот дипломат и политичар бил професор по меѓународно право и автор на бројни научни трудови, а до изборот за шести генерален секретар на ОН бил министер за надворешни работи на Египет.

Веста за смртта на Бутрос Бутрос Гали денеска била соопштена на почеток на седницата на Советот за безбедност на ОН, кој се една минута молчење му оддаде почит.