Свет Свет Почина австралискиот крикет-играч Фил Хјуз

Почина австралискиот крикет-играч Фил Хјуз

Хјуз беше погоден со топка в глава за време на натпревар од првата австралиска крикет лига

Австралискиот крикет-играч Филип Хјуз почина по операција откако на натпревар на Првата австралиска лига го погодија со топка во глава.
Иако Хјуз носеше заштитна кацига, од силниот удар со топка буквално падна на земја.

Лекарите веднаш му укажаа брза помош, пред во бесвесна состојба да биде префрлен во болницата „Сент Винсент“ во Сиднеј, каде, по операцијата, им подлегна на раните.

Хирургот Тони Гребс соопшти дека Хјуз здобил катастрофални повреди на главата. Тој рече дека лекарите морале да му отстранат дел од черепот за да го олеснат притисокот врз мозокот, но не успеале да го спасат. Австралискиот спортист почина од церебрална хеморагија.

– Особено сме тажни поради смртта на 25-годишниот Фил Хјуз. Нашите мисли се со неговото семејство, со пријателите. За Крикет-сојузот ова е особено тажен ден – соопштија од Крикет-сојузот на Австралија.