Македонија Почина 29-годишна родилка од компликации предизвикани од ковид-19

Почина 29-годишна родилка од компликации предизвикани од ковид-19

Фото: Мета.мк

Дваесет и девет годишна родилка е меѓу починатите лица од ковид-19, за кои денеска информираше Министерството за здравство. Жената била примена во болница во тешка состојба.

– Пациентката прво се лекувала пет дена во болница во Куманово, а со царски рез во седмиот месец од бременоста е породена на Клиниката за гинекологија и акушерство. Бебето е во инкубатор. На 6 август е префрлена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде што денеска починала. Пациентката не била вакцинирана и немала коморбидитети – соопштуваат во министерството.

Покрај 29 годишната жена, МЗ информираше за уште три починати лица, двајца од Куманово на возраст од 49 и 74 години и еден од Гостивар на возраст на 78 години. Сите се починати во болнички услови.