Македонија Почесен црн појас за амбасадорката на Јапонија од македонската џудо федерација

Почесен црн појас за амбасадорката на Јапонија од македонската џудо федерација

Фото: Џудо федерација на Р.С. Македонија

Џудо федерацијата на Република Северна Македонија ѝ додели почесен црн појас – 1 дан на амбасадорката на Јапонија во Македoнија, Кеико Ханеда, јави ipon.mk.

Церемонијaта на предавањето на почесната награда се одржа вчера во службените простории на амбасадата.

Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ги предаде делегација предводена од претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски, кои се заблагодарија за четиригодишната посветеност на амбасадорката Кеико Ханеда за развивање и ангажираност на џудо спортот во земјава.

Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на овој благороден спорт преку материјална подршка во опрема и можност за обука на џудисти во Јапонија. Разговарано е и за следните активности на почнатиот проект за донација на спортска опрема од страна на Јапонија за Џудо федерацијата на Р.С. Македонија.