Македонија По смената на Чулев, во МВР вратени старите функции на 14 раководни...

По смената на Чулев, во МВР вратени старите функции на 14 раководни лица

Откако викендов Агим Нухиу го презеде министерското столче во Министерството за внатрешни работи од техничкиот министер Наќе Чулев, во согласност со законските одредби за функционирање на техничката влада од денеска повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада, информираат од МВР.

Началник на СВР Скопје е Тони Јакимовски, началник на СВР Охрид е Сашо Смилески, додека во СВР Штип како началник се враќа Марјан Коцев. Враќање на старите раководни функции има и во СВР Битола, каде началник од денеска е Славко Јованоски и во Одделението за внатрешни работи Прилеп со новиот началник Игор Каравилоски. Нов началник на СВР Велес е Злате Јаневски, на СВР Куманово Стојанче Величковиќ и на СВР Струмица Танчо Пројковски.

Дејан Андонов од денеска е помошник на министерот за оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Бранко Трајановски е началник на одделот за специјални полициски операции во Бирото за јавна безбедност. Нов командант на единицата за специјални задачи во одделот за специјални полициски операции е Митко Даневски. Лазо Велковски е началник на одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека Примислав Димовски е началник на единицата за интервентна полиција во СВР Скопје. Марјан Здравковски е помошник на министер на одделот за информатика и телекомуникации.