Свет Европа По поразот на референдумот, Ренци поднесе оставка

По поразот на референдумот, Ренци поднесе оставка

Италијанскиот премиер Матео Ренци го призна поразот на референдумот и рече дека презема целосна одговорност, па потоа поднесе оставка.

– Имам намера да поднесам оставка. Преземам целосна одговорност за поразот – рече Ренци на прес-конференција во Рим.

Тој рече дека денеска ќе има состанок со својот кабинет, како и дека подоцна ќе му ја предаде својата оставка на италијанскиот претседател Серџо Матарели.

Матарели потоа ќе има обврска да посредува во составувањето на новата влада, а доколку не успее да го оствари тоа, Италија ќе оди на избори.

Министерот за финансии, Пјер Карло Падоан, е главен фаворит да го замени Ренци на местото претседател на советот на министри.

Референдумот во Италија беше за менување на уставот заради намалување на овластувањата и на големината на сенатот, а според оценките на аналитичарите, тоа би дало многу поголеми овластувања на претседателот на владата.