Спорт Спорт Свет По победата на Вимблдон, Ѓоковиќ ја зацврсти позицијата на АТП-листата

По победата на Вимблдон, Ѓоковиќ ја зацврсти позицијата на АТП-листата

По освојувањето на новата титула на Вимблдон, најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, го зацврсти првото место на АТП-листата.

Бидејќи во финалето играа истите минатогодишни финалисти, Ѓоковиќ и Рожер Федерер, а и победникот на оваа сезона е ист како и лани, Ѓоковиќ сега има 13.845 бодови, а Швајцарецот пак 9.665 поени.

Ѓоковиќ го совлада Федерер со 7:6, 6:7,6:4, 6:3 и го освои третиот трофеј на овој престижен турнир.