Македонија По пишувањето на Порталб за поплаките на новинарите, тетовскиот суд го стави...

По пишувањето на Порталб за поплаките на новинарите, тетовскиот суд го стави во функција озвучувањето

Во Основниот суд во Тетово во функција беа пуштени звучниците и микрофоните, со цел новинарите подобро да ги слушаат говорниците на судските рочишта кои се од јавен интерес

Фото: Порталб.мк

Во Основниот суд во Тетово во функција беа пуштени звучниците и микрофоните, со цел новинарите подобро да ги слушаат говорниците на судските рочишта кои се од јавен интерес. Ова беше направено откако Порталб.мк пишуваше за овој проблем, а и откако тетовските новинари се жалеа поради недостиг на соодветно озвучување во салата и потешкотиите да се разбере тоа што го кажуваат инволвираните страни во судските процеси.

Од Основниот суд во Тетово, пишува Порталб, првично соопштиле дека по испратените новинарски прашања од страна на медиумот за овој проблем и по поплаките на новинарите, проблемот е решен.

„Ве известуваме дека звучниците и микрофоните се ставени во функција“, соопштиле од Судот во Тетово за Порталб.мк.

Меѓутоа, на судско рочиште на 29 мај годинава каде присуствувале и новинарите, повторно имало проблеми, по што Порталб уште еднаш се обратил со прашања до судот, од каде биле насочени да се консултираат со судијата што го води предметот.

Дека микрофоните и звучниците конечно се ставени во функција деновиве се уверил новинарот на Порталб.мк кој присуствувал на судско рочиште, каде јасно можело да се чуе што зборуваат учесниците во постапката.