Свет Европа По падот на Сиеверодонецк, руските војници се обидуваат да го опсадат Лисичанск

По падот на Сиеверодонецк, руските војници се обидуваат да го опсадат Лисичанск

Фото: ukrinform.net 26 јуни 2022

Откако вчера градоначалникот на украинскиот источен град Сиеверодонецк објави дека градот е освоен од рускиот сили, руските трупи денеска се обидуваат да ги опколат единиците на Украинските одбранбени сили во Лисичанск – градот-близнак на Сиеверодонецк, од кој е одвоен само од реката Сивериски Донец, известува украинската државна агенција ukrinform.net.

Во меѓувреме, во Кијив, руска ракета погоди станбена зграда и голем дел жители се наоѓаат во урнатините.

Руските сили напредуваат од околината на Лисичанск уште од вчера , а два руски борбени авиони Су-25 извршиле воздушни напади.

Во меѓувреме, во близината на Харкив, руските инвазиски сили продолжуваат со одбрана, но и вршат артилериски напади близу неколку населени места.

Во Црното Море и во Азовското Море, главните напори на руските бродови се насочени на спречување на цивилен трансорт во северозападниот дел на Црното Море. Два разурнувачи се на готовс.

Во главниот град на Украина, Кијив, руска ракета рано утрово погодила станбена зграда во населбата Шевченкивскиј, јави ukrinform.net. Под урнатините се наоѓаат повеќемина станари, а двајца од нив веќе биле пренесени в болница. Делумно се разурнати приземјето и првиот и вториот кат на деветкатницата.

Дополнително, во Кијив утрово се слушнале уште неколку експлозии.