Македонија По два дена пауза, во земјава се враќа сончевото време со температури...

По два дена пауза, во земјава се враќа сончевото време со температури од над 40 степени

Фото: Архива на Мета.мк

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека сончевото и многу топло време од утре повторно ќе ја зафати нашата земја. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник, кога температурите во југоисточниот дел од земјава повторно ќе надминат 40 степени. Сончевото време ќе биде пропратено со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Умерен, на одредени места, засилен ветер од северозападен правец се очекува во текот на вторник (10 август), којшто ќе биде пропратен со температури до 41 степен. И во среда се очекува да се задржи сончево и многу топло време, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УВ-индексот во наредните денови ќе изнесува 9.